Утрински Весник
Македонија

Штипјанец фатен како превезува 43 мигранти во камион

Уапсена група криумчари на мигранти во Полска

Вчера на регионалниот пат Свети Николе – Куманово, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „мерцедес“, но возилото не застанало.

По кусо време возилото сопрело и возачот почнал да бега, но веднаш бил фатен од полициските службеници.

Станува збор за М.Ј.(28) од Штип, кој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, затоа што при преглед во возилото биле пронајдени 43 мигранти, меѓу кои имало и деца, и тоа од Сирија, Пакистан и Авганистан. За настанот бил известен Јавен обвинител, по чија наредба мигрантите се сместени во Транзитниот центар „Винојуг“ Гевгелија, а против М.Ј ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Нов пожар кај Смилковско Езеро – прекинат сообраќајот

Јавноста шокирана: Дете врзано со јажиња – МВР преземаат мерки

Владата задоцни, народот сам гаси, Димитриевиќ од Дојран со жестока критика