Утрински Весник
Македонија

Штипското училиште „Ванчо Прќе“ доби  балон спортско игралиште

Штипското училиште „Ванчо Прќе“ доби  балон спортско игралиште

Штип, 25 февруари 2020 (МИА) – Најголемото штипско основно училиште „Ванчо Прќе“ доби  балон спортско игралиште. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски кој денеска го посети училиштето рече дека се работи за инвестиција на општината во износ од 2,1 милиони денари. Во ова училиште, кое се наоѓа во центарот на Штип дополнително се изградени и отворена училница, нова железна ограда, реконструирани се и тоалети, а набавени се и нови компјутери, паметни (смарт) табли и лед телевизори.

-Инвестиравме во вистинските потреби на учениците и наставниот кадар во ова основно училиште. Инвестирани се вкупно околу 4,7 милиони денари.Затворениот балон е убав објект за учениците да се развиваат во вистински правец, вели Бочварски.

Директорот на училиштето, Методи Папаров изрази благодарност до Општина Штип за одвоените средства за ова училиште, за новото затворено балон игралиште ќе се користи за учениците од прво до петто одделение. вдј/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Законот за Советот на јавните обвинители го помина првото читање на собраниските комисии

Скопјанец возел со 4,01 промили алкохол во крвта и удрил во две паркирани возила

Кривична пријава за правно и физичко лице од Струмица, го оштетиле државниот буџет за скоро 50.000 евра