Утрински Весник
Македонија

Штипското медицински училиште организираше прва онлајн матурска прослава

Штипското медицински училиште организираше прва онлајн матурска прослава

Штип, 23 мај 2020 (МИА) – Штипското средно медицинско училиште „Јане Сандански“ ја организираше првата он лјан матурска вечер. Директорката на СОУ „Јане Сандански“-Штип, Емилија Рамабабова вели дека синоќа околу 200 матуранти беа дел од овој несекојдневен начин на матурска прослава. Тие, но и нивните најблиски го проследија концертот, кој поради корона кризата се одржа во празнииот хол на училиштето. Според податоците од веб страницата на училиштето, он лајн матурската прослава на медицинското училиште ја имаат видено околу 11.000 посетители на страницата. Рамбабова во своето обраќање до матурантите забележа дека годинава како училиште се принудени прославата да ја направат на неконвенционален начин, а како што рече со тоа што седи дома и преку интернет сите учествуваат  свечено да се одбележи матурирањето.

– Ситуацијата во која во моментов се наоѓа човештвото е исклучително специфична. Никој не можеше да ја претпостави или предвиди. За жал, вам нема да ви останат во сеќавање чудите журки и забави до рано утро, како сите други генерации.

Но, токму тоа дава посебност и шарм на вашите сеќавања. Вие останувате дома, со што покажувате врвна одговорност и зрелост, а токму тие особини се повод за свечено одбележување на нивното стекнување, вели Рамбабова.

Матурската вечер насловена „Промо онлајн матурска“ почна од 21 часот, а учениците до бендот претходниот ден доставиле и листа на песни за нивната несекојдневна прослава. вдј/оџ

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Средба на Муцунски со специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин

ОД ОВОЈ ПЕТОК НИ ДОАЃА ЛАДНИОТ ЦИКЛОН: Ќе ни донесе многу дожд, снег и голема снежна покривка!

Свечен настан за 30 години дипломатски односи и цврсто македонско-јапонско пријателство