Утрински Весник
Македонија

Штипското комунално претпријатие „Исар“ со низа мерки против ширењето на коронавирусот

Штипското комунално претпријатие „Исар“ со низа мерки против ширењето на коронавирусот

Штип, 16 март 2020 (МИА) – Во Штип континуирано се чистат садовите за смет, а особено околу супермаркетите, бидејќи деновиве околу нив се создаваше гужва.

Директорот на јавното претпријатие „Исар“ од Штип Живко Тасев, за МИА вели дека екипите на комунална хигиена се постојано на терен и ги чистат садовите. Граѓаните на Штип кои ги користат услугите на Градската бања „Кежовица“ од утре нема да можат да ги користат општите делови за мажи и жени.

– Поради актуелната состојба во светот па и кај нас, а и мерките преземени од страна на Владата во врска со спречувањето и ширењето на вирусот Ковид-19, претпријатието „Исар“ ги известува корисниците на Бања Кежовица дека од утре, вторник, нема да работи Општиот дел од машката и женската бања додека ќе работи само делот со тушевите, вели Тасев.

Тој додава дека се додека траат мерките нема да има бесплатно капење за пензионерите во бањата Кежовица во Штип, а Одделот за туш и када ќе почнат со работа во среда . Привремено додека траат мерките, забранета е посетата на ЗОО паркот.

– Плаќањето на сметки, нашите водокорисници може да го направат електронски и во случај без поголема фреквенција на нашите шалтери. ЈП „Исар“ и нашиот персонал на наплатните служби ги следи препораките што значи целосно е опремен со заштитни маски и ракавици, вели Тасев. вдј/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

Мицкоски: Посакувам СДСМ да наликува на конструктивна опозиција

Филипче: Следува нов почеток и пресвртница во делувањето на СДСМ