Утрински Весник
Македонија

Штипските пожарникари секојднево гаснат запалени стрништа

Штипските пожарникари секојднево гаснат запалени стрништа

Штип, 4 март 2020 (МИА) – Штипските пожарникари синоќа се справувале со голем пожар на стрништа во атарот на селото Крупиште. Командирот на Територијалната Противпожарна единица-Штип, Тони Атанасов вели дека пожарникарите до доцна во ноќта го гаснеле пожарот и спречувале да се доближи до магистралниот пат Штип-Кочани, со цел да не се загрози безбедноста на учесниците во сообраќајот.

-На терен излезе целата смена, со две пожарникарски возила и шест пожарникари, да го изгаснат пожарот во атарот на селото Крупиште. Земјоделците во овој период од годината интензивно ги палат стрништата, подготвувајќи се за сеидбата на ориз. Но овие стари земјоделски навики ни создаваат проблеми на терен, вели Атанасов.

Тој забележува дека изминатите денови имале рекордни шест интервенции на запалени стрништа во еден дена, а пред некој ден во три наврати се враќале на терен за да ги изгаснат пожарите. вдј/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хоџа: Трајно ги решаваме инфраструктурните потреби на жителите на Сарај

ОЈО: Организирана група со јасни улоги пренесувала дрога кон Србија, истрага против шест лица

Метален профил усмрти 23 годишен градежен работник во индустриска зона кај Петровец