Утрински Весник
Македонија

Штипските епидемиолози почнаа со тестирањето на работниците од петте конфекции

Штипските епидемиолози почнаа со тестирањето на работниците од петте конфекции

Штип, 2 јуни 2020 (МИА) – Почна масовното тестирање на текстилните работници во петте конфекции, кои од денеска треба да се затворени. Директорката на  Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова  вели дека денеска ќе земат околу 200 брисеви.

-На помош денеска ни пристигнаа и двајца лаборанти од Ценатрот за јавно здравје-Кочани. Сметаме дека во кадровскиот дел сме екипирани и со оваа помош ќе го извршиме тестирањето на текстилните работници, вели Димитрова.

На терен  се две екипи, кои ги земаат брисевите од домовите на лицата кои се опфатени од масовното тестирање и еден тим работи во пунктот, кој зема брисеви по упат од матичните лекари. Штипските епидемиолози масовното тестирање на околу 500 работници во овие конфекции ќе го заврашат до 6 јуни. вдј/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Херојска интервенција: Полицијата спаси маж заглавен на тераса при пожар

Менаџер на продавница од дневниот промет си присвоил речиси 2,8 милиони денари

Над 140 жалби за еден ден по трагедијата во Кочани, СЕММ сомнева оркестриран дигитален напад