Утрински Весник
Македонија

Штипскиот градоначалник учествуваше на видео конференција со експерти од Кина

Штипскиот градоначалник учествуваше на видео конференција со експерти од Кина

Штип, 19 мај 2020 (МИА) – Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска беше дел од видео конференција со кинески медицински ексерти за Ковид-19, а е реализирана со помош и во соработка со амбасадата на Народна Република Кина. Од кабинетот на штипскиот градоначалник наведуваат дека овие конференции се од значителна помош за нашата држава и регионот во борбата со пандемијата.

Конференцијата била одлична можност да се слушне како кинеските експерти се справуваат со Ковид-19.

-На коференцијата се презентираше и лек кој покажал извонредни резултати кај пациентите кои имаат поблаги симтоми. Институтот на традиционална кинеска медицина во Си Чуан, Кина овој лек го имаат донирано во Португалија. Градоначалникот Благој Бочварски упати барање до Амбасадата на Н.Р Кина во нашата држава и институтот за традиционална кинеска медицина во Си Чуан за одредена количина на овој лек како донација за граѓаните на Општина Штип во борбата со КОВИД-19, се наведува од кабинетот на градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

На оваа видео конференција учествувале и доктрот Џу,  претседател на Асоцијацијата за традиционална кинеска медицина во земјава потоа инфектологот  Дијана Шишкова Гајдарџиска од Клиничка болница -Штип и директорот на Центар за традиционална кинеска медицина – Штип, Мартин Каровски, кои и беа претставници на нашата држава.

Покрај Општина Штип учествуваа и експерти, министри и секретари од Германија, Чешка, Португалија , Холандија и Црна Гора.

-Продолжуваме со борбата со Корона вирусот, а благодарение на донациите и советите од експертите заеднички ќе се избориме да ставиме крај на оваа криза.Во иднина продолжуваме  со продлабочување на соработка со провинцијата Си Чуан и Амбасадата на Н.Р Кина во нашата држава за збратимување со кинески град со кој ќе продолжиме да соработуваме и да разменуваме позитивни практики, информираат од кабинетот на штипскиот градоначалник. вдј/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите