Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Штипскиот градоначалник Бочварски разговарал со девојката која е жртва на насилство

Штипскиот градоначалник Бочварски разговарал со девојката која е жртва на насилство
300x250 opst2

Штип, 3 април 2020 (МИА) – Во мојот кабинет денеска остварив средба со Катерина која беше цел на напад во потресното видео објавено вчера, а беше придружувана од страна на Благица Киров од НВО „Ехо“ Штип, информираше на социјалните мрежи градоначалникот на Општина Штип Благој Бочварски.

-Општина Штип и јас како градоначалник стоиме на располагање за да го олесниме овој процес на стабилизирање и нудиме помош, меѓу другото и финансиска поддршка, но и сè друго што може да ѝ затреба во идниот период. Стапив во контакт и со службите од Центарот за социјални грижи, од каде добив позитивен повратен одговор за соработка и одлучност сите заеднички да ѝ овозможиме да го надмине овој хорор што нè згрози и потресе, вели Бочварски.

Тој апелира до сите граѓани да покажат висока свест и да се воздржат од коментари со кои вршат двојно виктимизирање.

Од сите нас зависи залекувањето на раните, и буквални, и фигуративни, од грозоморниот настан кој вчера го посведочивме. Со нашата одлучност, многу разбирање и институционална поддршка да овозможиме Катерина да го надмине овој тежок период, а со позитивна промена на начините на изразување, говор и однесување да придонесеме вакви немили настани повеќе да не се случуваат, рече Бочварски. вдј/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Антициклон над источна и североисточна Европа е виновникот за ладното време кај нас

Филипче: Политиката не смее да биде сцена за пропаганда

Филипче: Масовно излезете на 19 октомври, да ја зачуваме Македонија како дом за сите