Утрински Весник
Македонија

Штипскиот градоначалник апелира да се воведат Ковид координатори во фабриките и институциите

Штипскиот градоначалник апелира да се воведат Ковид координатори во фабриките и институциите

Штип, 18 јуни 2020 (МИА) – Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска имаше средба со претседателите на Основното и Вишо Јавно обвинителство. На средбата градоначалникот бил информиран за  преземените мерки од нивна страна и наредбите кои ги имаат издадено до надлежните инспекторати за постапување и контрола во правните и физичките лица.

– Досега за непочитување се изречени над 170 казни, но сите се согласивме дека превенцијата како пристап би била многу покорисна мерка од репресивната, вели Бочварски.

Апелираше фабриките, банките, но и институциите да воведат Ковид координатор со цел контрола и дисциплина на вработените и граѓаните во текот на работното време.

– Вашиот Ковид координатор да води грижа за групирањето во објектите но и пред самите објекти, со цел да се запре групирање на граѓани. Сакам да ја информирам јавноста дека денеска очекувам во Штип да имаме и двоцифрен број на оздравени граѓани. Имаме и 440 граѓани кои се во самоизолација. Во Клиничката болница во Штип имаме 20 граѓани – позитивни на вирусот, рече Бочварски.

Тој истакна дека во изминатиот период како локална власт се постојано на терен и имаат акции за дезинфекции не само во централното подрачје, туку и низ населбите, како и на објекти, каде што граѓаните најмногу се групираат за извршување на своите обврски.

Во текот на изминатото деноноќие според податоците на СВР – Штип на 48 лица им се издадени решенија за изолација, а 18 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се 561 контрола кај лица во изолација и 69 кај лица во самоизолација, а две  лица не ја почитувале мерката за изолација. За неносење на заштитна маска лична регистрирарни се 44 прекршоци.вдј/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот за камиони кон „Блаце”, на „Табановце“ се чека околу 30 минути

Повторно одложено судското рочиште за случајот Веапоска на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето

СДСМ: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, но нема пари за Кочани и за пожарникарите