Утрински Весник
Македонија

Штипската населба Балканска приклучена на градскиот водовод

Штипската населба Балканска приклучена на градскиот водовод

Штип, 27 февруари 2020 (МИА) – Општина Штип заедно со јавното претпријатие „Исар“ го комплетираше најголемото барање на граѓаните од населбата Балканска, од денеска и последните домаќинствата во Балканска добиваат чиста и здрава вода за пиење од Филтер станицата. Во оваа населба има 250 куќи со 1.000 жители.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски на денешната прес-конференција истакна дека јавното претпријатие „Исар“ во изминатите неколку месеци работеше на приклучување на градскиот водовод со оваа населба. Забележа дека ова е голем чекор за локалната самоуправа, бидејќи после многу години и после многу ветувања од страна на претходната власт, денеска граѓаните се соочуваат со нова реалност, чиста и здрава вода за пиење.

-Во изминатите месеци работевме напорно за остварување на најголемото барање на жителите од оваа населба, направивме четири километри цевка која е приклучена на градскиот водовод и граѓаните конечно добија чиста и здрава вода за пиење, оваа инвестиција чини 360.000 евра, рече Бочварски.

Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Живко Тасев истакна дека екипите работеле напорно во овој дел од градот, а проектот продолжува со приклучување на градскиот водовод и за жителите во населбите Македонка и Чардаклија. вдј/см/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово