Утрински Весник
Свет
Img 7972

Шпан: За невакцинираните ќе стане непријатно

Шпан: За невакцинираните ќе стане непријатно
300x250 opst2

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан објави дека вакцинираните граѓани можат да очекуваат опуштена есен и зима.

Тој вети дека нема да има нови заклучувања за вакцинираните.

За оние кои не се вакцинираат, сепак, ќе стане непријатно, бидејќи ќе мора да платат задолжителни тестови од октомври.

Во изјава за германските медиуми, Шпан апелираше до граѓаните да се вакцинираат.

Се уште не се имунизирани доволно граѓани против коронавирусот за да се спречи преоптоварување на здравствениот систем, посочи тој.

„Тројца од четири возрасни граѓани се уште не одлучиле да се вакцинираат“, подвлече тој.

Шпан рече дека мнозинството граѓани можат да сметаат на фактот дека нема да има поголеми ограничувања за нивната слобода и дека нема да има ново заклучување.

„Вакцинацијата ја прави есента и зимата безбедни“, рече тој, додавајќи дека со тоа се прави „позитивна разлика“.

Можете да прочитате

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври

Неколку луѓе загинаа при експлозија во воена фабрика во САД

Трамп ја откажа средбата со Си