Утрински Весник
Магазин

Шпански бизнисмен осомничен за кражба на два милиона заштитни маски

Шпански бизнисмен осомничен за кражба на два милиона заштитни маски

Мадрид, 7 април 2020 (/) – Шпански бизнисмен е осомничен за кражба на здравствен и санитетски материјал. Тој, наводно, го продавал истиот на компанија во соседна земја.

Полицијата вчера го уапсила осомничениот во градот Сантијаго де Компостела, северна Шпанија. Меѓу запленетата стока имало и два милиона заштитни маски, украдени од тамошната компанија којашто се занимава со производство на здравствен материјал. Вкупната вредност на стоката изнесува пет милиони евра.

Осомничениот, чие име не се соопштува, е фатен со помош на сведоци и безбеносните камери. Истрагата е во тек.

Се претпоставува дека украдената стока била наменетеа за продажба во соседна Португалија.  си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пет работи што ментално здравите луѓе не ги прават

Мали промени во вашата рутина што ќе ви помогнат да ослабете

Три необични техники кои брзо ќе ве ослободат од стрес