Утрински Весник
Свет

Шпанскиот крал Фелипе Шести е заразен со коронавирус

Шпанскиот крал Фелипе Шести е заразен со коронавирус

Шпанскиот крал Фелипе Шести е заразен со коронавирус и има благи симптоми, соопшти денеска кралската палата, додавајќи дека кралот ги суспендирал своите службени активности на седум дена.

„Неговото височество доби позитивен резултат на тестот направен утрово, откако кралот почувствува благи симптоми во вторникот“, се вели во соопштението.

Се додава дека Фелипе Шести е добро и ќе продолжи со активностите од неговата резиденција.

Неговата сопруга и ќерка не покажуваат симптоми на болеста и можат да продолжат со активностите, но ќе се придржуваат до соодветниот протокол во дадената ситуација, соопштија од палатата.

Шпанскиот крал последниве денови присуствуваше на јавни собири, како што се научни конференции и работни ручеци.

Можете да прочитате

Трамп тргна за Давос, ќе се обрати во 14.30 часот по европско време

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот