Утрински Весник
Македонија

Шпанскиот амбасадор ја предаде во Стејт департментот ратификацијата за членство на Северна Македонија во НАТО

Шпанскиот амбасадор ја предаде во Стејт департментот ратификацијата за членство на Северна Македонија во НАТО

Вашингтон, 20 март 2020 (МИА) – Шпанскиот амбасадор во САД, Сантиаго Кабанас, синоќа во Стејт департментот се сретна со заменик државниот секретар Филип Рикер и го предаде оригиналниот документ на ратификација од Пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО. Документот неделава беше изгласан во Сенатот и потпишан од кралот на Шпанија Фелипе Шести.

-Добредојдовте во семејството на НАТО, порача амбасадата до македонското МНР и до Северна Македонија синоќа во соопштение на Твитер.

Стејт департментот сега треба да ги извести сојузниците дека сите земји членки на воената Алијанса ги депонирале ратификациите во Канцеларијата за меѓународни спогодби. Откако ќе добие писмо од генералниот секретар Јенс Столтенберг, тоа треба да го стори и Северна Македонија, по што нашата земја и официјални ќе стане 30. земја членка на НАТО.

Во меѓународното право, САД се јавуваат во својство на депо каде се депонираат и чуваат оригиналите на сите меѓународни договори.

Во архивите на Канцеларијата за меѓународни спогодби при Стејт департментот, на пример, депонирани се оригиналните текстови на Повелбата на Обединетите Нации или Статутот за Меѓународната агенција за атомска енергија. Меѓу овие значајни историски документи за првпат ќе се најде и документ за независна Македонија, ратификацијата за членство на земјата во НАТО. кб/сд/



Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Патриотско друштво: Полиција спречува изградба на црква во Полог

СДСМ утре ќе објави нов скандал за Тошковски

Полиција спасила двајца македонски туристи кои останале блокирани во заливот Филикури кај Химара