Утрински Весник
Свет

Шпанија стана првата западноевропска земја со над милион случаи на инфекција

Шпанија стана првата западноевропска земја со над милион случаи на инфекција

Шест недели откако стана првата западноевропска земја што забележа 500.000 случаи на инфекција со коронавирус, Шпанија денес премина над еден милион заразени, пишува „Гардијан“.

До вечерва се регистрирани 1.005.295 случаи на инфекција со коронавирус во земјата. Минатата недела починаа 575 лица, со што вкупниот број на смрни случаи достигна 34.366.

Шпанските власти во моментов размислуваат за полициски час и во земјата се водат политички дебати кои се закануваат да ги загрозат досега направените напори за време на вториот бран.

Во регионот на Мадрид, кој покрива речиси една третина од сите заразени во Шпанија, постојат спорови на ниво на централна и регионална влада за тоа какви мерки треба да се преземат. Претседателката на регионот Изабел Дијаз Ајусо денеска вети хируршки мерки што ќе ги поврзат здравството и економијата.

„Најважно за нас е економијата повеќе да не страда“, рече таа.

Покрај епидемијата, Шпанија ја тресе и политичката криза. Истиот ден кога Шпанија надмина милион заразени, шпанскиот Конгрес започна расправа за иницијативата за недоверба поднесена против коалициската влада предводена од социјалистите, поднесена од крајно десничарската партија „Вокс“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мексиканците ќе бидат првите кои сами ќе избираат судии – повеќе од 34.000 кандидати за 881 судија

Пекинг со тврдење дека ниту САД ниту Кина нема да имаат корист од трговска војна

Русија ги брише талибанците од листата на терористи