Утрински Весник
Свет

Шпанија не ја прекинува вакцинацијата со „Астразенека“, нема сомнителни случаи

Шпанија не ја прекинува вакцинацијата со „Астразенека“, нема сомнителни случаи

Шпанија не забележа случаи на згрутчување на крвта поврзани со вакцината на „Астразенека“ и ќе продолжи да им ја дава на граѓаните, изјави вчера министерката за здравство, Каролина Даријас.

Таа ја даде изјавата кратко откако данските здравствени власти ја прекинаа имунизацијата со вакцината на Оксфорд по неколку случаи на згрутчување на крвта и еден смртен случај, објави „Ројтерс“.

Даријас изјави за телевизијата „Ла Сеча“ дека се забележани помали несакани ефекти во Шпанија и дека тие биле свесни дека имало згрутчување на крвта во Австрија, но и дека засега нема поврзаност помеѓу вакцините и згрутчувањето на крвта

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ и Меркосур потпишаа трговски договор со што се создаде најголемата зона на слободна трговија во светот

Во Нови Сад почна протест под мотото „Што значи победа?“ на кој повикаа студентите во блокада

Еквадор со  дополнителни 10.000 војници ќе се бори против наркокартелите