Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Шпанија нема да ја дава вакцината на „Астразенека“ на лица под 60 години

Шпанија нема да ја дава вакцината на „Астразенека“ на лица под 60 години
Img 7972

Шпанија објави дека ќе ја ограничи употребата на вакцината на „Астразенека“ на постари од 60 години, откако Европската агенција за лекови објави дека згрутчувањето на крвта треба да се наведе како редок несакан ефект од вакцината на британско-шведската компанија, објави „Ројтерс“.

„Ние ќе продолжиме да ја даваме вакцината, но само на лица постари 60 години“, рече министерката за здравство, Каролин Дариус.

Со ова, Шпанија се приклучи на неколку други членки на ЕУ кои презедоа слични мерки.

ЕУ регулаторот за лекови, ЕМА, ги охрабри земјите да продолжат да ја користат вакцината на „Астразенека“, велејќи дека нејзините придобивки ги надминуваат ризиците.

Многу случаи на згрутчување на крвта се пријавени кај жени на возраст под 55 години, но ЕМА соопшти дека не успеа да ја утврди ризичната возрасна група.

Можете да прочитате

Фон дер Лајен: Не смееме да паднеме во стапицата на Путин за поделби во ЕУ

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Цената на златото достигна нов рекорд поради страв од американската „блокада“ на администрацијата и очекувањата за намалување на каматите