Утрински Весник
Свет

Шпанец уапсен откако 9000 пати беспотребно повикал служби за итни случаи

Шпанец уапсен откако 9000 пати беспотребно повикал служби за итни случаи

Човек од Шпанија, кој две години непотребно се јавувал во службите за итни случаи, конечно е уапсен и му се заканува казна затвор од три месеци до една година, пренесуваат шпанските медиуми.

Шпанецот повикувал итни служби и полиција, иако немал никакви проблеми, а сега се најде во непријатна ситуација поради малтретирањето кое траело од 2019 година.

Тој наводно испратил 9.000 непотребни повици, па дури и навредувал службеници.

Операторите во повеќе наврати побарале од човекот да престане да се јавува без потреба, бидејќи линиите се наменети за оние кои се наоѓаат во разни опасни ситуации, но тој ги игнорирал.

Сега се соочува со обвиненија за нарушување на јавниот ред и мир и со казна од три месеци до една година затвор.

Можете да прочитате

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците