Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Шојгу: САД имаат намера да се борат до последниот Украинец

Шојгу: САД имаат намера да се борат до последниот Украинец
Img 7972

САД и западните земји кои ги контролираат прават сè за да ја продолжат специјалната операција на руските вооружени сили и да ја поттикнат борбата до последниот Украинец, изјави денеска рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу.

Тој на колегиум на военото раководство рече дека зголемените испораки на странско оружје јасно ги покажуваат намерите на западните земји да го испровоцираат режимот во Киев да се бори до последниот Украинец, пренесува РИА Новости.

Шојгу оцени дека акциите на руските војници и квалитетот на употребеното оружје уште еднаш покажале дека воено-политичкото раководство на Русија правилно ги одредило приоритетите за зајакнување на вооружените сили.

„Руската армија систематски го спроведува планот за ослободување на самопрогласените Народни републики Донецк и Луганск“, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на седница на одборот на Министерството за одбрана.

„За време на специјалната воена операција руската армија ги извршува задачите определени од врховниот командант. Планот за ослободување на Донечката и Луганската народна република се спроведува систематски и се преземаат мерки за враќање на нормалниот живот таму“, рече Шојгу, а пренесува ТАСС.

66-годишниот Шојгу беше прикажан на рускиот државен ТВ канал „Росија 24“. Засега не е јасно дали состанокот бил пренесуван во живо или претходно снимен.

Доколку биде потврдено, ова ќе биде прво јавно појавување на Шојгу по неколку денови, по информациите дека тој можеби да има здравствени проблеми.

Имаше неколку теории за тоа што му се случило. Пред неколку дена руско-израелскиот бизнисмен и противник на рускиот претседател, Леонид Невзлин на „Фејсбук“ објави дека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу „одеднаш доживеал тежок срцев удар.

Можете да прочитате

Премиерот даде оставка само неколку часа откако го именува својот кабинет, падна француската влада

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

Маж рани 20 лица во пукање во Сиднеј