Утрински Весник
Свет

Шојгу: НАТО редовно изведуваат симулации на воздушни напади на Русија

Шојгу: НАТО редовно изведуваат симулации на воздушни напади на Русија

Авиони на НАТО редовно изведуваат летови со симулација на воздушни напади на руска територија, изјави министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу.

„Најмногу загрижува – ако некогаш летале набљудувачки авиони, сега почнаа редовни летови (на бомбардери) кои вршат симулација на ракетни напади, со користење на голем број авиони“ изјави Шојгу за телевизијата „Русија 24“.

Тој потпсети на неодамнешните летови на бомбардерите Б-52 во близина на руската граница во Балтичкото море.

Рускиот министер додал дека сите се навикнати на монополарен свет во кој постои еден „сопственик“, а сега одеднаш се појавил друг пол. „На „Сопственикот“ тоа баш и не му се допаѓа“, забележува Шојгу.

Русија нема друг избор – мора да биде силна и да работи се за да се заштити, заклучи тој.

Националниот центар за контрола на одбраната на Русија соопшти дека на 31 август руските ловци следел американски стратешки бомбардери над Балтичкото море и дека не дозволиле крешње на руската граница.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени