Утрински Весник
Свет

Шојгу нареди: Да се ​​интензивираат операциите во сите правци

Dik 300x250 mk

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ги прегледа војниците на Југот и Центарот кои учествуваат во специјалната воена операција во Украина и нареди да се интензивираат акциите во сите оперативни правци, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

dobivaj vesti na viber

Шојгу ги дал потребните инструкции за дополнително зајакнување на акциите на единиците во сите оперативни правци со цел да се исклучи можноста Киев да изврши масовни ракетни и артилериски напади врз цивилната инфраструктура и жителите на населените места во Донбас и другите региони, пренесува агенцијата Интерфакс.

Потсетуваме дека руската специјална воена операција со цел демилитаризација и денацификација на Украина започна на 24 февруари.

Рускиот претседател Владимир Путин неодамна изјави дека Западот сака да ја победи Русија на „бојното поле“ во Украина и рече „Нека се обидат“, укажувајќи и на тоа дека Москва „сè уште не започнала сериозни работи“.

Можете да прочитате

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим