Утрински Весник
Спорт

Шоу на Марјановиќ против Јута, Јокиќ до „дабл-дабл“ за 16 минути

Шоу на Марјановиќ против Јута, Јокиќ до „дабл-дабл“ за 16 минути

Далас ја победи Јута 111:101, а Голден стејт славеа против Денвер 118:116, во претсезонските натпревари, во НБА лигата. Забележителни улоги на овие натпревари имаа Балканците: Бобан Марјановиќ, Лука Дончиќ и Никола Јокиќ.

Еден од највисоките кошаркари во НБА лигата, Марјановиќ, имаше свое шоу против Јута. Српскиот центар натпреварот го заврши со 14 поени. Тој ги крена на нозе соиграчите кога во два напада, постигна две тројки.

Во победата на Далас, Лука Дончиќ, партиципираше со 19 поени.

Актуелниот МВП во НБА лигата, Никола Јокиќ имаше блескави 16 минути против Голден стејт. Јокиќ натпреварот го заврши со 17 поени и 10 скока. Одличен на спротивната страна беше неговиот сонародник Немања Бјелица.

Крилниот играч кој летово се пресели во Голден стејт, постигна 13 поени.

> Шоу на Марјановиќ против Јута, Јокиќ до „дабл-дабл“ за 16 минути <

Можете да прочитате

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија