Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Шон Пен го повтори ставот за задолжително вакцинирање

Шон Пен го повтори ставот за задолжително вакцинирање
300x250 opst2

Шон Пен го искажа своето мислење дека вакцината против Ковид-19 треба да биде задолжителна, посочувајќи необична идеја.

Во текот на гостувањето на „Си-ен-ен“ за промоција на неговиот нов филм „Ден на знамето“, 61-годишниот актер го повтори ставот дека луѓето треба да бидат принудени да се вакцинираат. Тој се повика на Вториот амандман кога станува збор за невакцинираните.

„Јас цврсто верувам во Вториот амандман,“ рече тој. „Но, мислам дека треба да препознаете како, со вакво нешто, не можете да одите наоколу вперувајќи пиштол во лицето на некого, што се чини неопходно кога луѓето се невакцинирани“.

Пен неодамна одби да се врати на снимање на претстојна серија Gaslit додека не се вакцинираат сите од екипата. Тој инсистира сите инволвирани во проектот да ја примат вакцината.

Можете да прочитате

Се повеќе млади добиваат инфаркт – лекарите предупредуваат!

Истражување: Мажите се почувствителни на болка од жените

Загадениот воздух – нов „невидлив“ виновник за дебелината