Утрински Весник
Спорт

Шон Конери одбил да игра за Манчестер јунајтед за 25 фунти неделно

Шон Конери одбил да игра за Манчестер јунајтед за 25 фунти неделно
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Филмофилите во саботата се простија од легендарниот шкотски актер, Шон Конери, кој почина на 90 години, а историјата можеби ќе беше поинаква и фудбалските фанови повеќе ќе го познаваа Шкотланѓанецот како ѕвезда на Манчестер јунајтед, ако тој ја прифатеше понудата на Сер Мат Базби да заигра на „Олд Трафорд“.

Првиот Џејмс Бонд го импресионирал Базби на меч со актери кога имал 23 години во 1953 година, и тој веднаш му понудил договор од 25 фунти неделно, висока сума за тој период. Сепак, Конери, кој играл како десно крило, ја одбил понудата бидејќи сметал дека на 23 години е престар да почне со фудбалот.

Конери играл за аматерскиот клуб Бонириг Роуз од Единбург, а бил и на тест кај лигашкиот клуб Ист Фајф, но сепак, бил посветен на актерската кариера.

„Сакав да ја прифатам понудата од Јунајтед бидејќи го сакав фудбалот. Но, сфаќав дека да бидеш врвен фудбалер ќе завршиш кога ќе имаш 30 години, а веќе имав 23 години. Решив да бидам актер и тоа беше еден од моите најинтелигентни потези во животот“, изјави години подоцна Конери.

> Шон Конери одбил да игра за Манчестер јунајтед за 25 фунти неделно <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Гвардиола: Секој што ќе се врати со вишок килограми нема да оди во Нотингем

Алвеш купува португалски третолигаш – 24info.mk

ФИФА ранг-листа: Македонската репрезентација ја заврши 2025. на 66. место