Утрински Весник
Свет

Шолц: Секој обид да се негира Холокаустот е неприфатлив

Dik 300x250 mk

Германскиот канцелар Олаф Шолц јасно му рекол на израелскиот премиер Јаир Лапид во телефонски разговор дека секој обид за минимизирање или негирање на Холокаустот е неприфатлив, изјави портпаролот на германската влада.

dobivaj vesti na viber

Двајцата лидери се договорија наскоро да се сретнат во Берлин, рече портпаролот.

За време на заедничката прес-конференција со Шолц во вторникот, палестинскиот претседател Махмуд Абас го обвини Израел дека извршил „50 холокаусти“, запрашан за коментар за претстојната 50-годишнина од нападот на палестинските милитанти врз израелскиот тим на Олимписките игри во Минхен.

Германските медиуми го критикуваа Шолц што веднаш не ја осудил изјавата на Абас за време на прес-конференцијата, пренесува „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Прва фотографија од бебе-планета во прстен околу ѕвезда

Прва фотографија од бебе-планета во прстен околу ѕвезда

Орбан предизборно ќе исплати 14-та пензија