Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Шолц: Русија ќе плати висока цена ако ја нападне Украина

Шолц: Русија ќе плати висока цена ако ја нападне Украина
Img 7972

Германија и нејзините сојузници се подготвени да ги преземат „сите неопходни мерки“ доколку Русија ја нападне Ураина, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју за Вашингтон пост, одговарајќи на прашањето дали германската влада може да го запре процесот за отворање на гасоводот Северен тек 2.

– Имаме многу јасен договор со американската влада за транзит на гас и енергетски суверенитет на Европа. Се договоривме и да ја поддржиме Украина. Апсолутно е јасно дека во ваква ситуација сите опции се на маса – изјави Шолц.

Тој додаде дека одговорот ќе биде единствен и одлучувачки.

„Работиме многу напорно со нашите сојузници во НАТО и Европската унија за да разјасниме што можеме да направиме во оваа конкретна ситуација“, рече Шолц, додавајќи дека западните сојузници мора да заземат цврст став кон одржување на стратешката безбедност.

– Исто така, ќе биде критично да се испрати силна порака до Русија дека ќе плати многу висока цена ако интервенира во Украина – рече тој.

Германскиот канцелар објасни дека се работи на искористување на сите канали на дијалог што сега се достапни: разговори меѓу САД и Русија, преку Советот НАТО-Русија, ОБСЕ, а исто така и преку форматот Нормандија.

Можете да прочитате

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Цената на златото достигна нов рекорд поради страв од американската „блокада“ на администрацијата и очекувањата за намалување на каматите

Нобелова награда за медицина за тројца научници кои ја открија одбраната на телото од сопствена агресија