Утрински Весник
Спорт

Шок од Мадрид: Бејл се понудил да игра за Хетафе

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Герет Бејл се прости од Реал, но нема да се прости од Мадрид. Шпанските медиуми денеска открија дека Бејл му бил понуден на Хетафе, бидејќи тој и неговото семејство не сакаат да го напуштат главниот град на Шпанија.

Бејл сака едногодишен договор, сака да остане во Мадрид и не му е важно во кој клуб, па му било понудено да се пресели во Хетафе.

Бејл сака да ја одржува формата до мундијалот во Катар, а потоа најверојатно ќе се пензионира, поради што сака договор на само една година.

Се шпекулираше дека Бејл би можел да се врати на Островот, но приоритет му е да остане во Шпанија, поточно во Мадрид.

Тој во главниот град на Шпанија пристигна во 2013 година од Тотенхем.

> Шок од Мадрид: Бејл се понудил да игра за Хетафе <

Можете да прочитате

Гвардиола незадоволен и по убедливата победа над Вест Хем

Алонсо: Победивме, но Реал може и мора подобро

Мбапе го израмни рекордот на Роналдо со гол против Севилја