Утрински Весник
Спорт

Шок за „жешките“ – најдобриот играч е позитивен на Ковид 19

Шок за „жешките“ – најдобриот играч е позитивен на Ковид 19

Угледниот „THE ATHLETIC“ пренесува вест дека кошаркарот на Феникс Санс, Крис Пол е позитивен на коронавирус. Тоа значи дека неодреден период ќе мора да помине во изолација.

36-годишниот плејмејкер сезонава е главен играч на „сонцата“ кои се хит на првенството. Во плеј-офот во просек бележи по 15.7 поени, 8.7 асистенции и 4.1 скока по меч. Од игра шутира со 51% успешност, а од линијата за слободни фрлања со 91%.

Ова е огромен удар за „жешките“ кои во полуфиналето на Западот ги здробија Денвер Нагетс со 4-0, па сега го чекаат подобриот од дуелот помеѓу ЛА Клиперс и Јута Џез, таму резултатот е 2-2.

> Шок за „жешките“ – најдобриот играч е позитивен на Ковид 19 <

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026