Утрински Весник
Спорт

Шок во Алжир – Камерун во 124.минута избори пласман на СП

Шок во Алжир – Камерун во 124.минута избори пласман на СП

Камерун е последниот учесник на Светското првенство од Африканската зона. Во реваншот, Камерунците победија во Алжир 2:1 со голот на Токо Екамби постигнат во 124.минута.

Алжирците се најголемите трагичари во овие квалификации за пласман на мундијалот во Катар. На домашен терен, реваншот со Камерун го започнаа со предност од 1:0.

Камерунците ја поништија предноста во 22.минута кога Чупо Мотинг постигна гол.

Во продолженијата, Алжир постигна гол преку Слимани, кој беше поништен поради играње со рака. Во 119 минута, младиот Ахмед Тура успеа да го израмни резултатот на 1:1.

И тука не беше крајот. Во последните секунди Токо Екамби втор пат ја погоди мрежата на Алжир.

Десетина секунди потоа судијата означи крај на натпреварот.

Од Африка на СП ќе играат Камерун, Гана, Тунис, Мароко и Сенегал.



> Шок во Алжир – Камерун во 124.минута избори пласман на СП <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина