Утрински Весник
Спорт

Шкупи на еден чекор до историски успех: Убедлив триумф против Балкани ќе осигура групна фаза во КЛ

Македонскиот првак Шкупи вечерва (21 часот) на арената „Тодор Проески“ го пречекува косовскиот тим Балкани во првиот натпревар од плејофот за пласман во групната фаза од Конференциската лига на УЕФА. По неуспесите во ЛШ и во ЛЕ, ова е последниот обид, но истовремено и последен чекор за тимот на Гоце Седлоски до нова клупска историја. Досега, Шкупи не бил ниту блиску до пласман во групна фаза од едно европско натпреварување.

dobivaj vesti na viber

„Максимално сме мотивирани и подготвени за предизвикот. Балкани е одличен тим, добро ги познаваме со оглед дека пред еден месец игравме пријателски подготвителен натпревар, но ова ќе биде сосема поинаков дуел. Едноставно влогот е голем и ако сакаме да успееме, треба да одиграме најдобро што знаеме“, вели тренерот Гоце Седлоски.

Чаирскиот состав се надева дека вечерва ќе оствари убедлив триумф и со тоа ќе направи голем чекор напред кон остварување на целта.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина