Утрински Весник
Спорт

Шкрињар и Конте казнети по мечот со Сасуоло

Конте: Лукаку може да го подобри Интер

Милано, 25 јуни 2020 (МИА) – Дисциплинската комисија го казни со забрана од 3 натпревари дефанзивецот на Интер, Милан Шкрињар и со 1 натпревар тренерот Антонио Конте по вчерашниот натпревар со Сасуоло.

Шкрињар беше избркан во дополнителното време, откако доби два жолти картони и според тоа нема да може да учествува во следниот натпревар на неговиот тим. Сепак, острата реакција на дефанзивецот му донесе уште 2 натпревари, како и парична казна од 10.000 евра.

Тренерот на „нероазурите“, Антонио Конте го доби своето петто официјално предупредување и Комисијата донесе одлука дека тој не може да го води својот тим на следниот натпревар против Парма.

Играчот од средниот ред на Сампдорија, Јакуб Јанкто, исто така, ќе го пропушти следниот натпревар на неговиот тим, откако го доби својот петти жолт картон во сезоната на натпреварот против Рома.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина