Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Шкријељ: Законските измени се за повисоки плати на наставниците, ВМРО-ДПМНЕ цела година блокира

Шкријељ: Законските измени се за повисоки плати на наставниците, ВМРО-ДПМНЕ цела година блокира
300x250 opst2

Со усвојување на Законот за минимална плата и Законот за наставници имаме дополнително зголемување на платите на над 27.000 наставници во основното и средното образование, изјави пратеничката од СДСМ, Санела Шкријељ.

Таа рече дека  растот на минималната плата неизбежно ќе доведе до раст и на останатите плати во сите сектори, па затоа се важни измените на Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ги блокираат речиси цела година.

Шкријељ образложи дека со овој закон, министерството и репрезентативниот синдикат склучуваат спогодба, со којашто се утврдува износот на вредноста на бодот за пресметување на платите на наставниците и стручните соработници. Вредноста на бодот за пресметување на платите на наставници и стручни соработници, понатаму, се усогласува со процентот на пораст на минималната плата утврдена согласно закон.

„Оттука, паѓаат во вода лагите дека со ова законско решение нема да се зголемат платите во образованието. За нас како парламентарно мнозинство интересите на граѓаните мора да бидат на прво место и ќе направиме се да постапката за усвојување на овој Закон продолжи и да овие измени бидат донесени и да имаме подобар животен стандард за наставниците и стручните соработници и покрај блокадите, деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ“, додаде Шкријељ.

Можете да прочитате

Филипче за Кузмановски: Многу сериозно прашање е дали во таква состојба не загрозил некои пациенти

Ќе остане ли без лиценца докторот што „шмркаше“ а не беше болен?

МВР: Казнет е возачот на службеното возило што дивееше низ Скопје