Утрински Весник
Политички Партии

Шкријељ во Петровец: Посветено работиме на искоренување на детската сиромаштија

Шкријељ во Петровец: Посветено работиме на искоренување на детската сиромаштија

2 март 2020 

 Санела Шкријељ, членка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ вечерва се сретна со жителите на Петровец со кои разговараше за регормите во социјалната заштита и владините мерки и програми кои ја поттикнуваат вработливоста  и ја намалуваат сиромаштијата.

Шкријељ на средбата со граѓаните истакна дека Владата предводена од СДСМ изминатите две и пол години силно работеше на зајакнување на грижата на државата кон наранливите и обезбедување на подобри услови за живот.

„Искоренувањето на сиромаштијата посебно на детската сиромаштија е баш врвен приоритет, Со социјалната реформа во моментот речиси 33 илијади деца користат детски додаток, а 27 илјади семејства добиваат зголемена социјална помош. Со реформата ја намалуваме сиромаштиајта и 5.270 постари лица оствариле право на социјална пензија“, рече Шкријељ.

Шкријељ во Петровец разговараше со граѓаните и за развој на социјалните услуги на локално ниво. Преку овие услуги треба да се подобри  квалитетот на животот на лицата со попреченост и на повозрасните лица.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

——————————————————————————————————————————————–

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт