Утрински Весник
Свет

Шкотска, најверојатно, до пролет повторно ќе биде затворена поради коронавирусот

Шкотска, најверојатно, до пролет повторно ќе биде затворена поради коронавирусот

Цела Шкотска е повторно затворена и, најверојатно, ќе остане така до пролетта, пренесува „Ројтерс“ повикувајќи се на „Тајмс“.

Шкотската премиерка Никола Старџен претходно најави состанок на владата за да разговара за можните следни чекори за спречување на ширењето на коронавирусот и нареди вонредна седница на парламентот.

Според „Тајмс“, отворањето на училиштата, најверојатно, ќе се одложи за по 18 јануари.

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера изјави дека може да се очекуваат нови построги рестриктивни мерки поради зголемувањето на случаите со Ковид-19. Џонсон поставува упатства за Англија, а одлуките за Шкотска, Северна Ирска и за Велс ги донесуваат тамошните влади.

Случаите на Ковид-19 во Велика Британија се на рекордно ниво и продолжуваат да растат, управувано од нов, уште позаразен вид вирус. Ова веќе ја принуди владата да го откаже планираното отворање на училиштата во и околу Лондон, со повици од синдикатите на наставниците за пошироко затворање.

Велика Британија вчера забележа 54.990 нови случаи на инфекција. Досега повеќе од 75.000 луѓе починаа од Ковид-19 во земјата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Канада: Неколкумина повредени откако гризли мечка нападна деца од основно училиште

Мерц и Трамп телефонски разговараа за мировниот план на САД за Украина

Зеленски по телефонски разговор со Венс: Украина ќе работи на ниво на советници за развој на мировен план