Утрински Весник
Свет

Шкотската премиерка се извини за кршење на мерките: „Не бев во право и жал ми е“

2256Шкотската премиерка се извини за кршење на мерките „Не бев (custom)

Шкотската премиерка Никол Старџен се извини откако ги прекрши мерките за коронавирусот соблекувајќи ја маската по погреб. На фотографијата објавена во шкотскиот „Сон“ се гледа како Старџен разговара со три жени во еден бар, држејќи се на дистанца, но без маска.

Согласно епидемиолошките мерки во Шкотска, задолжително е носење на маската во затворени простории, освен на маса, а маската мора да се носи додека гостите се во движење. Старџон присуствуваше на погреб на владин службеник, пренесува Гардијан.

„Ја тргнав маската некое време. Тоа беше глупава грешка и навистина жалам”, рече премиерката.

Таа додаде дека секој ден размислува за важноста од носење маска и затоа сака да се извини. „Згрешив и жал ми е“, рече Старџен.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници