Утрински Весник
Македонија

Школата за млади лидери на Иванов ќе се одржи онлајн

Школата за млади лидери на Иванов ќе се одржи онлајн

Кабинетот на поранешниот претседател Иванов информира дека по 11-ти пат ќе се одржи традиционалната Школа за млади лидери, но прв пат во онлајн издание, поради мерките и препораките за превенција од корона вирусот. Денес е објавен конкурсот за учество на Меѓународната обука за млади лидери на проф. д-р Ѓорге Иванов,која оваа година ќе биде на тема: „Лидерството во услови на глобални кризи“.

Меѓународната обука за млади лидери се одржува од 2010 година. Вкупно, во досегашните 10 обуки, учествуваа околу 400 млади луѓе од целата земја, но и од странство, со различен академски и професионален фокус. Пред десетте генерации учесници на Школата за млади лидери, свои предавања одржаа над 200 реномирани предавачи од Република Македонија, Европа и светот. Во 2018 година, Школата за млади лидери е прогласена за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година од страна на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели.

Програмата е намената за млади луѓе со завршено високо образование до 35 години, дипломирани студенти и професионалци со работно искуство. Се очекува учесниците да имаат желба континуирано да ги развиваат и усовршуваат нивните лидерски вештини и да придонесуваат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат. Оваа година, Школата за млади лидери ќе се организира онлајн, во месец декември, во три викенди, 5-6, 12-13 и 19-20 декември 2020 година.

Обуката опфаќа предавања од предавачи од земјата и од странство, фокусирани на искуствата и знаењата кои би ги поттикнале учесниците да размислуваат аналитички и да креираат заеднички решенија за предизвиците со кои се соочуваат. Предавањата ќе се одвиваат на македонски и англиски јазик, а предвидуваат и интерактивно вклучување на младите учесници. Бројот на учесници на Школата е ограничен, а право на учество имаат сите млади кои ги исполнуваат условите наведени во конкурсот кој е објавен на веб страната и на фејсбук страната на поранешниот претседател Иванов.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче: Платите на лекарите мора да растат

Филипче по средбата со Давкова: Укажав дека партизацијата на безбедносните служби мора да запре

Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева