Утрински Весник
Спорт

Шкендија со втора победа над Валмиера до следно коло во КЛ

Шкендија, очекувано, со 3:1 го совлада летонскиот клуб Валмиера во Скопје, за да го потври пласманот во третото квалификациско коло на Конференциската Лига Европа. Шампионот Шкупи по елиминацијата во квалификациите за ЛШ, сега оди ниво подолу, во квалификации за групна фаза во ЛЕ.

dobivaj vesti na viber

По гостинскиот триумф од 2:1, тетовскиот клуб на „Арената Тодор Проески“ пристигна со јасна цел да се запечати пласманот и веќе во 11. минута, Егзон Бејтулаи ги донесе домаќините во водство. Меѓутоа, гостите успеаја да израмнат преку Јапонецот Масаки Мурата во 25. минута, пред Љупче Дориев да го врати водството на Шкендија осум минути подоцна.

Стрелецот Мурата во 67. минута од мечот доби втор жолт картон, а теренската предност Шкендија ја искористи со уште еден гол во мрежата на Валмиера во 85. минута преку замената Фљорент Рамадани.

Во третото квалификациско коло, Шкендија има вистински предизвик, во повеќекратниот шведски шампион, АИК Стокхолм.

Фото: ФК Шкендија

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Можете да прочитате

Попева и Рустемовски најуспешни македонски спортисти за 2025 година

Селекторот на Сенегал суспендиран пет натпревари за инцидентите во финалето на Африканскиот куп

Министерството за спорт додели 500 стипендии „Спортска надеж“