Утрински Весник
Спорт

Шкендија со втора победа над Валмиера, единствен македонски клуб кој останува во Европа

Шкендија, очекувано, со 3:1 го совлада летонскиот клуб Валмиера во Скопје, за да го потври пласманот во третото квалификациско коло на Конференциската Лига Европа, како единствен македонски клуб кој останува во европските натпреварувања и во август.

dobivaj vesti na viber

По гостинскиот триумф од 2:1, тетовскиот клуб на „Арената Тодор Проески“ пристигна со јасна цел да се запечати пласманот и веќе во 11. минута, Егзон Бејтулаи ги донесе домаќините во водство. Меѓутоа, гостите успеаја да израмнат преку Јапонецот Масаки Мурата во 25. минута, пред Љупче Дориев да го врати водството на Шкендија осум минути подоцна.

Стрелецот Мурата во 67. минута од мечот доби втор жолт картон, а теренската предност Шкендија ја искористи со уште еден гол во мрежата на Валмиера во 85. минута преку замената Фљорент Рамадани.

Во третото квалификациско коло, Шкендија има вистински предизвик, во повеќекратниот шведски шампион, АИК Стокхолм.

Фото: ФК Шкендија

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина