Утрински Весник
Спорт

Шкендија оди на добар резултат во Рига најавуваат Шаќири и Хасани

Шкендија утре против Валмеира во Рига ќе влезе во двомечот од вторто коло во квалфикациите за УЕФА Конференциската лига. Воведниот натпревар на гостински терен е поволна ситуација за Шкендија сметаат и тренерот Артим Шаќири и капитенот Ферхан Хасани. Очекуваат поволен исход утре и потоа заверека на палсманот во следната рунда на домашен терен.

dobivaj vesti na viber

„Овој натпревар е многу важен за нас. Тимот на Валмиера е можеби непознат противник, но добро го анализиравме. Ќе дадеме се од себе да го извлечеме максимумот и да извлечеме позитивен резултат, бидејќи овие натпревари се квалификациски и имаат своја вредност. Тимот сигурно ќе го даде максимумот и ќе ги извршува задачите дадени од стручниот штаб“ – рече на прес конференцијата во пресрет на мечот Шакири.

„Утрешниот натпревар ќе биде сосема поинаков од првото коло. Ако го одиграме натпреварот што го одигравме на последните два натпревари против ФК Арарат, верувам дека ќе извлечеме позитивен резултат. Во наша корист е првиот меч да се игра овде во Летонија, бидејќи во реваншот ќе имаме поддршка од нашите навивачи. Заедно со навивачите верувам дека ќе обезбедиме пласман во следната рунда. Целиот тим е мотивиран за утрешниот натпревар и со максимално залагање од сите се надевам дека ќе извлечеме позитивен резултат и потоа ќе го чекаме реваншот во Скопје“ – смета капитенот Хасани.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина