Лондон, 16 март 2020 (МИА) – Поранешниот напаѓач на Англија, Алан Ширер, го коментираше суспендирањето на Премиер лигата поради коронавирусот. Тој не се сложува на лидерот на табелата Ливерпул да му се додели трофејот административно.
– Не можете да добиете победник и губитник доколку сезоната не заврши. Без разлика колку е сурово и страшно тоа да звучи за некои клубови, а најлошо од сè – за Ливерпул, ова е единствениот излез. Ако не можете да ги одржите сите натпревари, не можете да одите и да дадете титула или да одредите кој треба да испадне, изјави Ширер.
За Ливерпул, тоа би било неверојатно сурово. Но, не гледам опција во која тие искрено можат да ја добијат титулата, дури и ако се земе предвид дека никој веројатно нема да може да ги стигне. Потребни им се само шест бода за да го обезбедат трофејот, но сè уште ги немаат тие бодови на своето конто. Сезоната мора да се прогласи за неважечка, дополни Ширер. зс/