Утрински Весник
Македонија

Шилегов: 4 милиони евра за инвертери за домаќинствата

Шилегов: 4 милиони евра за инвертери за домаќинствата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На вчерашните митинзи во Карпош и во Центар, актуелниот градоначалник на Град Скопје и кандидат, Петре Шилегов, го најави продолжувањето на успешните проекти во борбата против загадувањето.

„Животната средина и чистиот воздух се придобивки за сите нас. Затоа, покрај останатите мерки за намалување на загадувањето на воздухот кои ги воведовме, во наредните 4 години ќе продолжиме и со субвенциите за инвертер клима уреди. Тоа ќе значи помалку чад од оџаците, еколошко затоплување на домовите и преземање конкретни чекори за заштита на животната средина“, изјави Шилегов.

Тој додаде дека замената на печките за греење со инвертери се смета за еден од најуспешните методи во борбата против аерозагадувањето, бидејќи долгорочно, градот изгаси 8.000 оџаци во Скопје, префрлувајќи исто толку домаќинства да се греат од дрва,јаглен или нафта на чиста електрична енергија.

Оваа мерка за намалување на загадувањето на воздухот, според Шилегов, ќе продолжи секоја година. Според него, со еден милион евра на годишно ниво може да се заменат од 1.000 до 2.000 печки со инвертер клима уреди.

Можете да прочитате

Хаос во Италија: Масовна пресметка меѓу Македонци и Албанци заврши со апсења

Земјотрес почувствуван во Охрид и околината

Македонска Каменица во тридневна жалост по трагичната смрт