Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Шилегов: Скопје е жртва на ГУП од 2012 на ВМРО-ДПМНЕ, да не дозволиме да го носат и во 2022

Шилегов: Скопје е жртва на ГУП од 2012 на ВМРО-ДПМНЕ, да не дозволиме да го носат и во 2022
300x250 opst2

Хаосот во урбанистичкото планирање, урбанистичките девијации и нарушувањето на јавниот простор и животната средина кои се случуваат во Скопје се резултат на генералниот урбанистички план донесен во 2012 година од страна на ВМРО-ДПМНЕ, рече градоначалникот Петре Шилегов.

„Скопје е жртва на генералниот урбанистички план донесен од партијата на госпоѓа Арсовска во 2012 година. Ако дозволиме повторно таа структура да го донесе генералниот урбанистички план, ќе продолжиме да живееме во хаос“, изјави Шилегов.

Тој додаде дека е важно пред вториот круг на локалните избори да се соочат и концептите за облагородување и хуманизација на јавниот простор, а кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ јасно да го изнесе својот став за целосната дислокација на тешката индустрија од градот Скопје, како што е предвидено во новиот генерален урбанистички план.

Според Шилегов, носењето на нов ГУП е вистинска можност градот да се врати онаму каде што треба.

Можете да прочитате

Сибирски бран: Следува студ, многу дожд и снег над 60 см!

Мицкоски: Коалицијата на СДСМ, ДУИ и Левица е за пари, ВМРО-ДПМНЕ е за народот

Костова: Со стиснати тупаници против апашлукот на ДПМНЕ, се бориме за нашиот дом