Утрински Весник
Македонија

Шилегов: Скопјани ќе добијат ослободен јавен простор на Кејот 13 Ноември

Шилегов: Скопјани ќе добијат ослободен јавен простор на Кејот 13 Ноември
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов одговарајќи на советничко прашање детално го објасни проектот за уредување на кејот „13 Ноември“, на потегот од градскиот плоштад до улицата „Стив Наумов“.

„ Пред неколку денови веќе започнаа градежните активности за реконструкција на кејот „13 Ноември“, таму е предвидено целосно преуредување на партерот, во оваа фаза се врши отстранување на терасите од страна на локалите коишто таму беа поставени во минатото. Проектот беше претставен на јавноста, веќе нема да има централни таканаречени тераси во средината, тоа ќе биде целосно еден јавен простор којшто ќе служи на граѓаните како шеталиште. Согласно со програмата што ја носи Општина Центар за поставување урбана опрема, веројатно ќе има зголемување на терасите, односно предните тераси на локалите.

Исто така, бидејќи станува збор за секундарна сообраќајница, ќе биде сообраќајно решено движењето на возилата по договорот со „Телеком“, кој за жал ние го имаме наследено, меѓутоа ќе станува збор за движење на сериозно редуциран број на возила, со ново смарт решение коешто со препознавање на патниците ќе се подигнува рампата, па потоа и втората рампа ќе треба да го препознае возилото за да може да влезе на кејот, и тоа во строго определени часови во текот на денот, од еден до еден ипол час, исклучиво наутро кога одат на работа и попладне кога излегуваат од работа, од 8 до 9 и 30 часот наутро и од 14 до 17 и 30 часот. Тоа ќе бидат ограничен број на возила коишто ќе добијат посебни одобренија и ќе бидат внесени во софтверот за да може да се контролира нивното движење“ изјави Шилегов.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Наслов: Кривична пријава за измама при продажба на куќа во Тетово

Николоски: Македонски експерти работат на стабилизација на свлечиштата и косините на автопатот Охрид-Кичево

Агенцијата за катастар со конкретни резултати во 2025 година: Над 1.040.000 решени предмети и целосно тековно работење