Утрински Весник
Македонија

Шилегов почнува да го реализира Транвајот на тркала, прва фаза Ѓорче-Лисиче

061fad0c 0e97 4bbc 8ccc Cdb26ed89da0

„Откако Собранието го усвои законот за задолжување, наголемо се отвара вратата Скопје конечно да добие современ и добро организиран јавен превоз. Очекувам дека во најкраток можен рок ќе се потпише договорот помеѓу Владата и ЕБРД, со што и формално ќе се создадат можностите да започнат постапките за набавка и имплементација на брзиот автобуски превоз. Екипи на Градот и ЈСП ‘Скопје‘ и досега работеа на подготовка на техничката документација. Со потпишувањето на договорот се создаваат и формални можности да дојдат консултантите на ЕБРД кои треба да ја доработат техничката документација, со што би се распишале и постапките за набавка, кои ќе ги води банката“, вели Шилегов за сдк.мк.

„Моите очекувања се дека до крајот на јуни ќе се создадат можностите да се распише тендерот. Важно е да се напомене дека во рамките на ЕБРД, овој проект е заведен како зелен проект и се финансира во рамките на мрежата на зелени градови, каде Скопје е член. За мене и за Скопје е важно што е ова верификација на еколошките политики кои што ги креира Градот и што после 40 години конечно ќе почне да се имплементира овој стратешки проект за градот“, вели Шилегов.

Проектот „Воведување брз автобуски превоз во Град Скопје“ опфаќа воспоставување две линии со коридори кои се резервирани само за автобусите од Ѓорче Петров до Ново Лисиче и од Бутел до Кисела Вода, намалување на времетраењето на превозот на патниците и намалување на загадувањето на воздухот.

Трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче ќе биде со должина од 12,81 километри во една насока, ќе има 21 автобуска постојка и 2 терминали, во индустриската зона во Ѓорче Петров и во населбата Ново Лисиче. Според првичните проценки, приближниот број на патници кои ќе ја користат оваа траса ќе биде околу 65.000 на ден. Со имплементција на првата фаза, се очекува времето на патување од сегашните 70 минути да се намали за повеќе од 50 отсто, да се зголеми фреквенцијата на автобуси на 3-4 минути. Автобусите ќе бидат со хибрид на гас и со должина од 18 метри. Времето потребно едно возило да ја помине трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче или обратно ќе биде 35 минути.

Извор:сдк.мк

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски