Утрински Весник
Македонија

Шилегов: Пари за реконструкција на Универзална ќе добиеме од претстојниот ребаланс на Буџетот

Шилегов: Пари за реконструкција на Универзална ќе добиеме од претстојниот ребаланс на Буџетот

Скопскиот градоначалникот Петре Шилегов вели дека постојниот објект на Универзалната сала ќе се реконструира во сегашниот облик и големина, а средствата треба да се добијат од претстојниот ребаланс на Буџетот, коj очекува да биде изгласан деновиве.

„Имајќи предвид дека стручната фела се изјасни дека на локацијата на Универзалната сала не е возможно да се изгради објект со поголеми димензии, мојата желба беше да се реконструира Универзалната сала во постојаниот габарит, а да изградиме нова концертна сала на друга локација. Во првиот дел успеавме и сакам да се заблагодарам за разбирањето на премиерот и на Министерството за култура, каде се издвојуваат средства со ребалансот на Буџетот во износ од 2 милиона евра, каде по носењето на ребалансот овие средства ќе бидат префрлени на посебна наменска сметка на Град Скопје“, рече Шилегов.

Тој најави дека во меѓувреме ќе се вршат проценки и пресметки за веднаш штом се добијат средствата да може да започнат постапките за јавни набавки и што е можно побргу да започне реконструкцијата на салата.

„Се надевам дека сите постапки ќе се одвиваат брзо за на почетокот на следната концерта сезона, Универзалната сала повторно биде отворена“, истакна градоначалникот.

Додаде дека активностите нема да застанат тука и дека досега има одржано повеќе средби со министерката за култура околу плановите за изградба на нова, поголема концертна сала која би ги задоволила потребите на градот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!