Утрински Весник
Македонија

Шилегов: Очекуваме следната недела да се отвори „Лајка“

Шилегов: Очекуваме следната недела да се отвори „Лајка“

Скопје, 17 јуни 2020 (МИА) – Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска соопшти дека имале мал застој во доопремувањето на стационарот „Лајка“ поради вонредните состојби и епидемијата.

– На крај сме таму, се заврши со целосно опремување, деновиве треба да имаме надворешно уредување на целиот тој локалитет и негово уредување. Очекувам следната недела конечно тој капацитет да го ставиме на располагање на граѓаните на Скопје, рече Шилегов на прес-конференција одговарајќи на прашање во однос на стационарот.

Тој вели дека имајќи ја предвид и програмата што ја имаат очекува за неполна година дека стратешки ќе се реши проблемот со бездомните кучиња во градот. мс/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трипуновски на средба со Невена Јовановиќ, Амбасадор на Република Србија

Кривична пријава за обид за убиство во Радовиш

Со ниски даноци владата сака да привлече големи странски фирми да регистрираат фирми во Македонија