Утрински Весник
Македонија

Шилегов и Царовска ја посетија гимназијата „Орце Николов“

Шилегов и Царовска ја посетија гимназијата „Орце Николов“

Градоначалникот Петре Шилегов и министерката за образование и наука, Мила Царовска, денеска го посетија средното училиште на Град Скопје „Орце Николов“, на првиот училишен ден во новата учебна 2020/2021 година.

Заедно со директорот на „Орце Николов“, Митко Димовски, тие се сретнаа со професорите од ова средно училиште кои држеа онлајн настава за средношколците.

За да се заштити здравјето на учениците и на наставниот кадар од ширењето на корона вирусот, новата учебна година стартува со почитување на строги протоколи и онлајн настава која ќе се изведува преку националната платформа за учење од далечина.

На професорите, но и на средношколците од Скопје, Шилегов и Царовска им пожелаа успешна учебна година. Тие изразија уверување дека со меѓусебна соработка ќе се надминат сите предизвици што ги наметна новиот начин на настава.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВЛЕН:Лагите на Бујар не ја кријат неговата вина

ОДИХР со 14 набљудувачи од утре почнува со следењето на Локалните избори 2025

ДУИ: Дали во февруари 2025 во Општина Куманово имало средба меѓу Изет Меџити и Александар Вулин за српска инвестиција во „Битолска Банка“