Утрински Весник
Македонија

Шилегов: За случајот со „бентлито“ ќе има и поголема казна

Шилегов: За случајот со „бентлито“ ќе има и поголема казна

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов вели дека казната од 45 евра за возачот на „бентлито“ кое влета на плоштадот, е само првична казна, а ќе следува и друга поголема.

„Постојат и елементи на кривично дело и тоа ќе биде процесуирано“, објасни Шилегов за возењето на плоштадот „Македонија“, кој е пешачка зона.

Тој сепак вели дека е задоволен што властите веднаш реагирале и вели дека казната од 45 евра е само почеток за возачот на „бентлито“.

„Она што е минимумот, тоа е прекршочна постапка и издавање на глоба од 45 евра“, рече Шилегов.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВЛЕН: ДУИ инструментализира уште едно прашање кое самата го остави како заложник!

Околу 65 килограми марихуана запленети кај Градско, истрага против две лица

Утре протестен марш за полагање правосуден испит на албански јазик