Утрински Весник
Македонија

Шилегов: За еден мандат набавени над 130 комунални возила и автобуси

5F2BDDD2 F72A 48D7 A942 865296D3D867

Денеска претставуваме дел од набавената механизација за градските јавни претпријатија. Велам дел, затоа што најголемиот скопски паркинг е премал да ја прими целокупната мехнизација која ние како Град Скопје и како јавни претпријатија успеавме да ја набавиме во овој, скоро четиригодишен период со цел да го подобриме квалитетот на услугите на градот и да покажеме и докажеме што е всушност приоритетот во трошењето на градските буџетски пари.

„Комунална хигиена“ во изминатиот четиригодишен период има набавено вкупно 51 ново возило. Кога дојдов јас за градоначалник јавното претпријатие „Комунална хигиена“ имаше 7 прскалки и една дефектна. Во овој момент располагаме со 20-на возила за миење на улиците. Тука влегуваат 29 камиони за собирање отпад од садови со различен капацитет и вид на отпад, 5 автоцистерни, 5 самоподигнувачи, 10 метларки за чистење на јавни површини и 2 кипери.

ЈСП Скопје е побогато за 33 нови МАН автобуси, од кои единечни се 21, а зглобни се 12. За „Водовод и канализација“ за истиот период набавени се вкупно 21 возило од кои 2 цистерни под притисок, 2 цистерни на вакуум, 2 теренски возила, 11 товарни возила, 2 градежни машини – комбинирани и 2 пумпи за канализација. #ЧекорПоЧекор #СкопјеЕднаПоинакваПриказна

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во паника за да ја зачува фотелјата во СДС ја турка партијата кон бездна

Обилни врнежи во Македонија, дождот преминува во снег и во градовите

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран