Утрински Весник
Македонија

Шилегов: Граѓаните треба да бидат сојузници кога се спроведува некоја мерка

Шилегов: Граѓаните треба да бидат сојузници кога се спроведува некоја мерка

Скопје, 21 мај 2020 (МИА) – Основната претпоставка кога институционално пропишувате каква било мерка и ја ставате во сила, е да ги имате граѓаните како сојузници во тој процес, наведе градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, посочувајќи дека граѓаните кога се дел од јавниот живот треба да ја користат заштитната опрема со цел да се заштит од пандемијата од Ковид-19.

– Не може да биде поставен систем со којшто ние на секој човек ќе му „залепиме човек“ да го потсетува дека треба да се придржува на основната безбедносна култура кога е епидемијата. Ние имаме пропишан пропис којшто бара од граѓаните кога се дел од јавниот живот, значи кога ги напуштаат своите домови, да имаат определена лична заштитна опрема што ќе ја користат додека се во јавниот простор, истакна Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање околу тоа дека нема конкретен пропишан протокол за јавниот градски превоз. см/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова го прими албанскиот претседател Бегај во Охрид

Филипче од Кочани: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи,  но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

Траорна атмосфера на комеморацијата за починатите во Кочани – 62 балони во чест на 62 починати